Репрезентативецот на Белгија, Тибо Куртоа ја доби наградата за најдобар голман на Мундијалот, но тоа и не му е некаква утеха со оглед на тоа што неговата селекција не стигна до трофејот.
Сега на новинарите Куртоа им откри дека не можел да го гледа славјето на Французите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го гледав финалето до 94 минута, потоа го изгасив телевизорот, не можев да ги гледам Французите како слават“, изјави Куртоа.
Сепак, неколку моменти подоцна добил повик од неговиот пријател.
„Ме побара еден пријател и ми кажа дека Модриќ ја добил наградата за најдобар играч на турнирот и дека потоа го прочитале моето име. Во тој момент повторно го вклучив телевизорот. Сепак, тоа е голема чест за мене, полуфиналето е голем успех, но жал ми е што не направивме нешто повеќе“, заврши Белгиецот.