Дома Фудбал Јувентус сигурен: Во едно полувреме постигна четири гола против Ал Аин (Видео)

Јувентус сигурен: Во едно полувреме постигна четири гола против Ал Аин (Видео)

Јувентус во првото коло од Светското клупско првенство успешно ги надмина своите противници, убедливо победувајќи го Ал-Аин со 5:0.

Резултатот беше решен уште во првото полувреме. Рандал Коло Муани ја започна серијата на голови за тимот од Обединетите Арапски Емирати во 11. минута, а десет минути подоцна, Франсиско Консеиасо ја зголеми предноста на Старата дама.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Кенан Јилдиз го зголеми водството на 3:0 во 31. минута, а Коло Муани ја заврши првата половина со погодок за 4:0 во 45+4.минута. Конечните 5:0 ги постави Консеиасо во 58. минута.

Претходно во групата Г, Манчестер Сити го порази Вајдад со резултат 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што ќе биде со најпознатиот навивач на Јунајтед кога „црвените ѓаволи“ ќе врзат пет победи во низа? (Видео)

Неверојатно познатиот навивач на Манчестер Јунајтед, Франк Илет, откри дека има планови да…