
Откако стана јасно дека Игор Тудор ќе остане на чело на Јувентус и следната сезона, во клубот веќе работат на продолжување на неговиот договор, пренесува Џанлука Ди Марцио.
Како што е познато, при неговото доаѓање во торинскиот великан, Тудор потпиша договор само до крајот на изминатата сезона, кој беше автоматски продолжен до следното лето поради пласирањето на Јувентус во Лигата на шампионите.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Но, управата на клубот сака да показе поголема доверба на хрватскиот стручњак и затоа се подготвени да му понудат договор до јуни 2027 година. Очекувањата се договорот да биде склучен уште денес, бидејќи агентот на тренерот Антони Сериќ е во Торино за оваа цел.
Уште повеќе, шефовите на Јувентус размислуваат и како да го засилат составот на Тудор за новата кампања. Според „Газета дело спорт“ во клубот се предвидени нови засилувања на најмалку четири позиции. Основната трансферна цел во центарот на одбраната е Леонардо Балерди од Марсеј, при што е можно „Старата дама“ да понуди некој од Николас Гонзалес и Самуел Мбангула како дел од потенцијалната зделка. Алтернативи на капитенот на францускиот тим се младите таленти Џовани Леони од Парма и Пиетро Комуцо од Фиорентина.
За улогата на лев бек се забележани Нуно Тавареш од Лацио и Мигел Гутиерез од Жирона. Во средниот ред „бјанконерите“ се заинтересирани за Давиде Фратези од Интер и Флорентино од Бенфика, додека Сандро Тонали од Њукасл изгледа непродаваем. Ќе се бара и нов напаѓач, а спомнати се имињата на слободниот агент Џонатан Дејвид, Виктор Ѓокереш од Спортинг (Лисабон), Матео Ретеги од Аталанта и Сантиаго Кастро од Болоња.