Дома Фудбал Jувентус објави детали: Тудор го продолжи договорот!

Jувентус објави детали: Тудор го продолжи договорот!

Игор Тудор го продолжи договорот со Јувентус до 2027 година, со можност за уште една сезона. Тудор се приклучи кон тимот на Јувентус кон крајот на март и потпиша договор до крајот на сезоната, со клаузула за автоматско продолжување на уште една година доколку избори пласман во Лигата на шампиони.

Тудор успеа да го доведе Јувентус во најпрестижното европско клупско натпреварување, но клубот сепак имаше можност за раскинување на договорот со исплата на отштета од еден милион евра. Меѓутоа, со доаѓањето на новиот спортски директор Дамијен Комоли, ситуацијата драстично се смени во корист на Тудор и сега тој остана на кормилото на неговиот омилен клуб.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според пишувањата на италијанските медиуми, се очекуваше дека тоа ќе се случи и дека Антонио Конте ќе го преземе Јувентус, но Конте на крајот остана во Неапол. Во последните денови се шпекулираше за многу имиња како можни наследници на Тудор, но сега тие шпекулации се завршени.

Фото: Juventus FC
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија со пресврт го доби Пелистер и ја намали негативата зад Вардар (Видео)

Шкендија успеа да слави со 2-1 против Пелистер во 20. коло од Првата лига и да ја намали н…