Дома Фудбал Јувентус ја пронајде замената за Тудор?

Јувентус ја пронајде замената за Тудор?

На клупата на Јувентус се затресе столицата на Игор Тудор поради слабите резултати од почетокот на сезоната и вчерашниот пораз од Комо. Според информациите од Calciomercato.it, клубот веќе го разгледува потенцијалниот наследник, доколку дојде до промена. Неочекувано, најсериозен кандидат е Рафаеле Паладино, поранешен играч на Јувентус, кој добро го познава торинското окружување. Во Милано, наводно, се одржала вечера меѓу наполитанскиот тренер и спортскиот директор на Јувентус, Франсоа Модесто.

Овие двајца ги поврзува долгогодишно пријателство од заедничките денови во Монца, но со оглед на петте нерешени и едниот пораз во последните шест натпревари, замена на тренерот изгледа сè поверојатна бидејќи Тудор не успеа да донесе победа. Рафаеле Паладино е роден на 17 април 1984 година во Наполи и својата фудбалска кариера ја започна во младинскиот состав на Беневенто.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неговиот талент брзо беше забележан, па како тинејџер беше доведен во Јувентус, каде што ги направи првите професионални чекори. Иако не успеа да се наметне на долг рок во Торино, остави добар впечаток и собра драгоцено искуство играјќи за клубови како Ливорно, Џенова и Парма. Беше познат како технички поткован крилен напаѓач со изразено чувство за игра и топка.

Кој е Паладино?

По завршувањето на играчката кариера, Паладино се впушти во тренерските води и во Монца ја доби првата можност за водство на сениорска екипа. Го презеде клубот во проблематичен период, но со тактичка флексибилност и мирен пристап успеа да ја стабилизира екипата.

Под негово водство, Монца играше модерен, офанзивен фудбал, а Паладино стекна репутација на млад стручњак кој знае како да го извлече максимумот од своите играчи. Неговата работа привлече внимание од поголемите клубови, меѓу кои и Јувентус, чија боја ја носеше како играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палас го урна договорот со италијанскиот великан и му уништи трансфер од соништата

Жан Филип Матета е бесен на Кристал Палас откако му пропадна големиот трансфер во Јувентус…