Дома Луд Спорт #JustBurnIt: Американците масовно си ги уништуваат своите Nike патики – еве зошто

#JustBurnIt: Американците масовно си ги уништуваат своите Nike патики – еве зошто

Сè повеќе Американци ги уништуваат своите Nike обувки и облека, а снимките од уништувањето ги објавуваат на интернет. Причината за тоа е гола политика.

Имено, со овој нивен деструктивен чин ти го изразуваат својот протест, бидејќи Nike, светски познат производител на спортска опрема, обувки и опрема, за својата најнова кампања го ангажираше Колин Кеперник, бивш играш на американски фудбал кој пред две години предизвика гнев кај американските десничари бидејќи остана да седи на клупата за играчи за време на изведување на американската химна.

Фудбалерот кој клечеше за време на изведувањето на химната


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кога Кеперник го прашаа зошто не станал за време на химната, изјави дека станува збор за негов чин на протест поради низата полициски убиства на невооружени црнци.

Фудбалерот цела сезона продолжи да клечи или седи за време на изведување на химната. Иако следната година не потпиша за ниту еден клуб, неколкумина други играчи на американски фудбал беа инспирирани и поттикнати од неговиот пример да продолжат со истата пракса.

Новата кампања на Nike, која беше иницирана во понеделникот вечерта, содржи фотографија од Кеперник со текст „Верувај во нешто. Дури и ако тоа значи жртвување на сè. #JustDoIt“ (Believe in something, even if it means sacrificing everything. #JustDoIt).

Праксата на клечење за време на химната беше остро критикувано од американскиот претседател Доналд Трамп, кој утврди дека се работи за непочитување на американското знаме и војска.

Ги палат Nike патиките и повикуваат на бојкот на корпорацијата

Брзо после промовирањето на новата кампања на Nike, по социјалните мрежи почнаа да се појавуваат снимки од уништување на нивните патики од страна на корисниците, како и палење на обувките и облеката. На некои снимки се гледа палење на Nike патики, додека други одлучија да го исечат логото од Nike од нивните производи. Некои од револтираните корисници повикуваат на бојкот на Nike, а многу објави го вклучуваат и „хаштагот“ #JustBurnIt – игра на зборови која е насочена против слоганот на Nike, Just Do It.

Кантри пејачот Џон Рич на Твитер објави фотографија од својот техничар, кој го опиша како бивш маринец, кој од своите Nike чорапи го исече логото од брендот.

Еден тип во оган фрли еден куп Nike патики, ги поли со бензин и ги запали, за на крајот видеото гордо да го објави на Facebook.

Како што пишува Business Insider, не е познато дали оваа анти-кампања насочена против Nike ќе има било какво влијание на бизнисот на познатиот бренд и гигантската корпорација, која во последната фискална година пријави приходи од 34,5 милијарди долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…