Дома Останати Кошарка Јокиќ одигра чудесен натпревар, постигна 55 поени, блесна и Кари со 46!

Јокиќ одигра чудесен натпревар, постигна 55 поени, блесна и Кари со 46!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше најдобар на теренот во победата на Денвер Нагетс над Лос Анџелес Клиперс со резултат 130:116.

Јокиќ на натпреварот постигна неверојатни 55 поени, заедно со 12 скока и шест асистенции. Имаше неверојатен шут од играта 18/23 и погоди пет тројки од шест обиди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова беше третиот најдобар скор во неговата кариера, додека неговиот личен рекорд останува 61 поен.

Во поддршка на Јокиќ, Аарон Гордон постигна 18 поени, Џамал Мари запиша 15, а Тим Хардавеј 12 поени.

Кај Клиперси, најдобар беше Џејмс Харден со 23 поени, Џордан Милер додаде 22, Ивица Зубац беше одличен со 18, а Богдан Богдановиќ заврши со 11 поени.

Стеф Кари беше неверојатен со 46 поени, а екипата на Голден Стејт Вориорс го победи Сан Антонио Спарс со 125:120, надминувајќи ги трипл-дабл перформансите на Виктор Вембањама и Стефон Касл.

Џими Батлер даде солиден придонес со 28 поени и осум асистенции за Голден Стејт, додека Мосес Муди заврши со 19 поени.

Од спротивната страна, Вембањама постигна 31 поен, со 14 скока и 10 асистенции. Касл заврши со 23 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Шај Гилгеус-Александер оствари 30 поени и девет асистенции во три четвртини, а Оклахома Сити Тандер беше подобра од Лос Анџелес Лејкерс со 121:92.

Исaја Џо додаде 21 поен за Тандер, што го подобри нивниот биланса на 12-1 во лигата.

Бекот на ЛА, Лука Дончиќ постигна само 19 поени, со шут 7 од 20. Остин Ривс беше точен за 13 поени, со 4 успешни обиди од 12 за Лејкерс.

Лејкерси и овој натпревар го пропуштија без Леброн Џејмс, иако тој ја има почнато својата подготовка за оваа сезона.

Резултати:

Шарлот Хорнетс – Милвоки Бакс 111:100

Детроит Пистонс – Чикаго Булс 124:113

Њујорк Никс – Орландо Меџик 107:124

Бостон Селтикс – Мемфис Гризлис 131:95

Мајами Хит – Кливленд Кавалирс 116:130

Хјустон Рокетс – Вашингтон Визардс 135:112

Њу Орлеанс Пеликанс – Портланд Трејл Блејзерс 117:125

Сан Антонио Спарс – Голден Стејт Вориорс 120:125

Далас Маверикс – Феникс Санс 114:123

Оклахома Сити Тандер – Лос Анџелес Лејкерс 121:92

Сакраменто Кингс – Атланта Хоукс 100:133

Лос Анџелес Клиперс – Денвер Нагетс 116:130

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Срамно: Вечерва намерно запален баскет теренот во Радишани (Видео)

Вечерва во Радишани се случил инцидент во кој намерно бил запален теренот кој важи за еден…