Дома Фудбал Јамал за првпат одговори на критиките за роденденската забава

Јамал за првпат одговори на критиките за роденденската забава

Ламине Јамал се најде на удар на жестоки критики поради роденденската забава што ја организираше изминатиот викенд, а сега играчот на Барселона даде свој коментар и испрати јасна порака до сите што го критикуваат.

Јамал минатата сабота организираше прослава за својот 18-ти роденден во еден ресторан во Барселона, на која присуствуваа голем број познати личности од сите области.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Барселона се потруди прославата на полнолетството да биде запаметена, но не ни сонувал какви критики ќе предизвика поради тоа.

Првично, го критикуваа во јавноста по изјавата на шпанската инфлуенсерка Клаудија Калво која тврдеше дека Јамал нудел на девојките меѓу 10 и 20 илјади евра да дојдат на забавата, но таа наскоро сама го демантираше и испрати извинување.

Но, она што предизвика најмногу критики во јавноста беше фактот дека Јамал ангажираше луѓе со нисок раст на забавата, што доведе до најави за тужби против него.

Во одбрана на Јамал застанаа претставници од организацијата што настапуваше на прославата и порачаа дека е бесмислено некој да го тужи играчот на Барселона поради нив, затоа што тие само ја извршуваа својата работа и не доживеале никакво непочитување.

Јамал вчера официјално потпиша договор со Барселона до летото 2031 година и го доби бројот десет на дресот, а се обрати кратко и на новинарите.

Секако, незибежна тема беше и роденденската забава, а Јамал одлучи со една реченица да стави точка на сето тоа и да покаже дека критиките не го допираат премногу.

“Не се обѕирам на критики и што зборува некој освен ако не доаѓаат од членовите на моето семејство и пријатели. Се фокусирам само на фудбалот и тоа е сè што имам да кажам на таа тема”, рече Јамал.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Властите на една африканска земја вложуваат милиони евра во Барселона

Хроничното празно портмоне на Барселона ќе биде пополнето со значителна сума на пари која …