Дома Фудбал Jaмал полн со самодоверба: Само еден клуб има повеќе шанси од нас да ја освои Лигата на шампионите

Jaмал полн со самодоверба: Само еден клуб има повеќе шанси од нас да ја освои Лигата на шампионите

Барселона одигра одлична сезона и се наоѓа во најтесниот круг на фаворити за освојување на сите три трофеи. Моторот на овој тим е Ламин Јамал кој истакна дека неговиот тим има квалитет да оди до крај во сите натпреварувања.

Најдобриот млад фудбалер во Европа на почетокот на разговорот за „Ел Мундо Депортиво“ истакна дека само на Ливерпул му признава дека е поголем фаворит за освојување на Лигата на шампионите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– Мислам дека Ливерпул е единствениот поголем фаворит од нас во Лигата на шампионите. Просто, затоа што прв обезбеди пласман понатаму. Мислам дека можеме да се натпреваруваме за трофејот, дека можеме да одиме до крај. Треба да мислиме дека сме тим кој игра најдобар фудбал и во Шпанија и во Европа. Не сакам да бирам меѓу Ла Лига и Лигата на шампионите, одиме по двата трофеја – изјави Јамал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не одигра ниту минута на последните пет натпревари, а Јувентус за него ќе плати 40 милиони евра

Јувентус ќе ја активира обврската за купување на напаѓачот Луј Опенда (26), иако во послед…