Дома Трансфер зона Jувентус има „карта“ за потписот на Погба

Jувентус има „карта“ за потписот на Погба

Раководството на Јувентус планира во следните денови да започне преговори со Манчестер Јунајтед околу евентуалниот трансфер на Пол Погба, пренесуваат италијанските медиуми.

Јувентус го привлече Погба од Манчестер Јунајтед како слободен играч во 2012 година. Французинот доживеа фудбалска афирмација во Торино, по што беше продаден повторно на „црвените ѓаволи“ за 105 милиони евра во 2016 година.

Сепак, неодамна се појавија нови информации дека Погба не е задоволен на „Олд Трафорд“ и сака повторно да си замине, а Јуве се на пол-позиција за неговиот потпис.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус како „карта“ за Погба сака да го искористи Манџукиќ. „Црвените ѓаволи“ се во потрага по напаѓач, а Солскјер го сакаше Хрватот уште во летниот преоден рок.

Наводно „бјанконерите“ се спремни да понудат 100 милиони евра плус Манџукиќ, но Јунајтед смета дека таа понуда е ниска и бара 150 милиони за потписот на Французинот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Франс Фудбал: ПСЖ ја пронајде замената за Нејмар

Нејмар го носи дресот на ПСЖ и оваа сезона, иако цело лето се шпекулираше дека ќе го напуш…