Дома Фудбал Изненадување: Ова е фудбалерот кој постигнал најмногу голови во 2024 година од игра во Ла Лига

Изненадување: Ова е фудбалерот кој постигнал најмногу голови во 2024 година од игра во Ла Лига

Зад нас е уште една интересна календарска година во Ла Лига, а тука имаме еден многу интересен податок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Верујте или не, ако се сметаат само головите од игра, односно без голови од пенал, најмногу во 2024 година во шпанското првенство постигна – Александер Серлот! 

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, кој летово се пресели од Виляреал, во текот на изминатата година постигна 31 гол во Ла Лига, а следен е Роберт Левандовски со 29, додека Џуд Белингам даде 23. 

Интересно е и тоа што со неговиот гол во последните моменти од натпреварот, Атлетико Мадрид ја совлада Барселона, првпат како гостин во ерата на Диего Симеоне, и со таа победа тимот се искачи на лидерската позиција на крајот од 2024 година. 

Серлот оваа сезона постигна осум голови, сите осум во Ла Лига, и додаде и две асистенции, додека во Лигата на шампионите не се наигра и на пет настапи за нешто повеќе од 200 минути на теренот не постигна ниту еден гол. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нагелсман сака да го врати Нојер во репрезентацијата, но утрово доби ужасни вести од Минхен

Нојер пред две години се повлече од германската репрезентација по Европското првенство и м…