
Иван Ракитиќ ја заврши својата професионална кариера.
За некои оваа одлука не е толку неочекувана ако се земе предвид дека Ракитиќ пред 10 дена не се појави на почетокот од подготовките на сплитскиот Хајдук. Ракитиќ остана без договор, имаше можност да го продолжи за уште една сезона, но тоа не го сторил, што очигледно беше знак дека оди во пензија.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Ракитиќ зад себе има импозантна кариера, која ја започна пред скоро 20 години во Базел, потоа настапуваше за Шалке, а потоа почна да пишува историја во Шпанија. Прво го носеше дресот на Севиља, која како капитен ја предводеше до трофејот во Лига Европа. Летото 2014 го оствари трансферот на кариерата во редовите на Барселона, со која ги освои сите можни трофеи, а за Каталонците одигра дури 310 натпревари пред да се врати во својата Севиља.
И во својата втора мандат во Севиља, го подигна пехарот на Лига Европа, овој пат како ветеран, во 2023 година. Потоа кратко играше за Ал-Шабаб од Саудиска Арабија, кога реши да се врати во Хрватска, односно да го облече дресот на Хајдук.
Иако Хајдук со него сонуваше за титулата, Сплиќаните ја завршија сезоната како трети зад Ријека и Динамо, а Ракитиќ одигра 39 натпревари, два гола и запиша пет асистенции.
Се разбира, не треба да се заборави кои успеси ги постигна со репрезентацијата на Хрватска за која дебитираше уште далечната 2007 година. Најголемиот успех секако е сребрениот медал од Светското првенство 2018 година. За Хрватска одигра 106 натпревари и постигна 15 голови.