
Во Формула 1 од следната сезона ќе се појави и нов тим. Станува збор за голем автомобилски и тркачки производител, Ауди.
Германскиот тим го наследи Заубер и во новата сезона ќе се натпреварува во Формула 1, а во вторникот за прв, историски пат беше претставен нивниот болид. Со добро познатите возачи, Ауди го претстави новиот болид.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
– Не сме тука за игра, ова е амбициозен проект. Сме скромни, знаеме од каде почнуваме, но и каде сакаме да стигнеме. Сакаме од Ауди да направиме најуспешен тим во историјата. Има важни чекори на тој пат, а еден од нив е и овој сега – рече Џонатан Витли, првиот човек на тимот.
Целта на Ауди е да се натпреваруваат за титула до 2030 година, што е многу амбициозен план. Првиот пат кога ќе го видиме на патеката ќе биде на 11 февруари на патеката во Сахир, Бахреин кога ќе се одржат првите официјални проверки пред почетокот на новата сезона. Првата официјална трка ќе се одржи од 6-ти до 8-ми март и ќе се вози во Австралија на патеката „Алберт Парк“.