Дома Фудбал Исак e новиот голгетер во Ливерпул! Но, до полноќ пристигнува и уште еден фудбалер!

Исак e новиот голгетер во Ливерпул! Но, до полноќ пристигнува и уште еден фудбалер!

Александер Исак конечно го засилува нападот на Ливерпул!

Според информациите, Ливерпул понуди 125 милиони фунти, што е 144 милиони евра, и понудата беше прифатена од Њукасл!

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Овој трансфер е нов рекорд во Премиер лигата, со што Ливерпул го сруши претходниот рекорд поставен со трансферот на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Исак изврши притисок врз Њукасл, откажа да тренира и тоа на крај се исплатеше. И покрај тоа што навивачите негодуваа, ова за него нема да биде од големо значење.

Исак го оствари својот сон за настап во Ливерпул, каде што ќе има силна конкуренција, бидејќи ова лето пристигна и Уго Екитике.

Но, ова не е крај на трансфер периодот за Ливерпул, бидејќи до крајот на денот се очекува и Марк Гуехи да пристигне!

Ливерпул ќе плати 42 милиони евра за неговиот трансфер од Кристал Палас, плус 10% од следната продажба.

Тој ќе се бори за место до Конате и Вирџил ван Дајк, и ќе понесе важна улога во тимот.

Какво лето за Редсите, ден по победата над Арсенал доаѓа и Исак – дали сега тие се главните претенденти за титулата?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола продава тројца фудбалери во јануари, за да се засили повторно?!

Пеп Гвардиола сака да се засили во 2026 година, а веќе во јануари е подготвен да го продад…