Дома Фудбал Инзаги по дебаклот од Милан им држел лекции на ѕвездите на Интер

Инзаги по дебаклот од Милан им држел лекции на ѕвездите на Интер

Интер испадна од Купот на Италија откако градскиот ривал го порази во директен дуел за финалето, а Симоне Инзаги во петок водеше прв тренинг по дебаклот обидувајќи се да ја мотивира екипата пред продолжението на сезоната.

Посакуваната тројна круна на Интер згасна. Миланскиот гигант отпадна во полуфиналето на Купот на Италија откако Милан во реваншот го победи со 3:0 и со вкупни 4:1 помина понатаму.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Два дена по поразот од градскиот ривал, играчите на Интер се вратија на тренинг каде нивниот тренер, Симоне Инзаги, се обиде ментално да ги подготви пред крајот на сезоната.

Интер е во игра за уште два трофеи. Се борат со Наполи за титулата првак на Серија А, додека во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе играат двомеч со Барселона.

Интер е сè уште на врвот на табелата на Серија А со уште пет натпревари до крајот, но моментално се изедначени со Наполи.

За титулата ќе се решава во дополнителен натпревар ако двете екипи останат изедначени по бодови на врвот по 38 меча.

Според деталите на „Калчомеркато“, Инзаги ги собра своите играчи во централниот круг на теренот за тимски разговор на почетокот од денешниот тренинг.

Тренерот наводно го крена гласот кон тимот со цел да ги мотивира за продолжување на сезоната и им укажа на своите играчи дека им е потребно повисоко ниво на концентрација ако сакаат да ја освојат титулата во Серија А и да стигнат до финалето на Лигата на шампионите.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синер испрати порака пред враќањето на теренот по суспензијата

Јаник Синер наскоро му завршува тримесечната суспензија, а успеа да остане на врвот на АТП…