Дома Останати Ракомет Инциденти во Охрид – Дејан Манасков заврши во полиција

Инциденти во Охрид – Дејан Манасков заврши во полиција

По денешниот натпревар во рамки на Суперлигата, во кој Охрид ја победи екипата на Пелистер со 29-25, дојде до инцидент во спортската сала „Билјанини Извори“.

Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков по завршувањето на мечот, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал Крсте Андоновски еден од помошниците на тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пелистерци по завршувањето на натпреварот ја демолирале соблекувалната, а нивните навивачи „Чкембари“ физички напаѓале охриѓани во центарот на Охрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Хрватите бесни: Само тиее не се сместени во Хернинг, морале да спијат и во автобус! (Фото)

Хрвватската ракометна репрезентација е единствената која нема да бидде сместтена во Хернин…