Дома Останати Кошарка Инцидент по поразот на Денвер: Му ја уништи историската ноќ на Јокиќ, па сакаше да се тепа со навивач (Видео)

Инцидент по поразот на Денвер: Му ја уништи историската ноќ на Јокиќ, па сакаше да се тепа со навивач (Видео)

Не му беше лесно на Расел Вестбрук по поразот на Денвер од Минесота, бидејќи со две грешки во последните 12 секунди од второто продолжение директно придонесе за истиот.

Најпрво промаши зицер за +3, а потоа во следниот напад направи прекршок на 0,1 секунда пред крајот и му овозможи на Александар – Вокер да погоди две слободни фрлања за конечен резултат од 140:139.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Вестбрук беше критикуван од навивачите и затоа што ја уништи историската ноќ на Никола Јокиќ и неговиот рекорд во кариерата.

Кога се упати кон соблекувалната, Вестбрук доби коментар од некој навивач. Не можеше да издржи и се врати кај тој навивач со видлива лутина, за што камерите во тој момент одлучија да престанат да ја снимаат целата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најновата листа за МВП во НБА предизвика изненадување меѓу навивачите

Во текот на оваа седмица, НБА објави листа со кандидати за наградата најкорисен играч за н…