Дома Фудбал Импресивна листа: Погледнете на кои дефанзивци им истекува договорот во 2026 година!

Импресивна листа: Погледнете на кои дефанзивци им истекува договорот во 2026 година!

Летниот трансфер период беше интересен, особено во Премиер лигата, и нема сомнение дека и следните два ќе бидат возбудливи. Особено кога ќе разгледаме листата на дефанзивци чии договори во сегашните клубови истекуваат на 30 јуни 2026, точно пред Светското првенство.

Дури и ако се фокусираме само на трите најсилни лиги – Премиер, Бундес и Ла Лига, листата е импресивна.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Во последната година од договорот во Премиер лигата се дури осум дефанзивци, кои сигурно ќе бидат во центарот на интересот од повеќе клубови.

Меѓу нив се Ибраима Конате од Ливерпул и Марк Гехи од Кристал Палас, кој и покрај завршените прегледи и подготвени документи за трансфер во Ливерпул, остана во Кристал Палас во последните минути на трансфер периодот.

Потоа следуваат Џон Стоунс од Манчестер Сити, Маркос Сенеси од Борнмут, Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед, Адам Вебстер од Брајтон, Џејмс Тарковски од Евертон и Фабијан Шер од Њукасл.

Во Бундеслигата, последната година од договорот ја извршуваат Дајо Упамекано во Баерн, Никлас Суле и Емре Џан во Борусија Дортмунд.

Ла Лига исто така има интересни фудбалери.

Антонио Рудигер влегува во последната година од договорот со Реал, додека Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен се во иста ситуација во Барселона. Тука е и Јерај Алварез.

Сите тие во јануари ќе можат слободно да преговараат со други екипи, но веројатно наскоро ќе има многу приказни за тоа што прават нивните тековни клубови во однос на новите договори.

Сигурно е дека повеќето од нив ќе сакаат да ги решат договорните прашања пред да се фокусираат на Светското првенство кое не очекува во летото 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Продажба на Тотенхем: Инвеститор понудил и „бонус“ од 1,2 милијарди за составување на моќен тим

Сѐ погласни се шпекулациите дека Тотенхем ќе биде продаден. Одлуката на Даниел Леви да зам…