Дома Фудбал Игор Тудор направил незапаметен потег досега за да потпише со Јувентус

Игор Тудор направил незапаметен потег досега за да потпише со Јувентус

Игор Тудор стана новиот тренер на Јувентус. Хрватот го замени Тиаго Мота, а она што го направи 46-годишниот пред доаѓањето во Торино е нешто што повеќето тренери не го прават.

Хрватскиот стручњак Игор Тудор доби работа од соништата. Повикот од Јувентус не се одбива, и Хрватот се согласи на краткорочен договор од четири месеци.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Сепак, она што го направи 46-годишниот стручњак не се случува често меѓу тренерите. Тој, по повикот да дојде во Торино, седна во својот автомобил во Сплит и возеше повеќе од 1000 километри.

Стигна на време. Утрово се појави во просториите на клубот, а веќе утре следи првиот тренинг со тимот.

Малку се тренери кои на ваков начин би дошле за да потпишат договор. Сепак, Тудор не сакаше да губи време барајќи авионски карти и одлучи со автомобил да пристигне во Торино. Патот му траеше 10 часа.

Хрватот ќе дебитира како тренер на Старата дама следниот викенд против Џенова, а пред него се буквално девет финалиња во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Покрај Џенова, Јувентус ќе игра уште натпревари дома против Лече, Монца и Удинезе, а ќе гостува на Рома, Парма, Болоња, Лацио и Венеција.

Тежок распоред е пред Бјанконерите и борбата за пласман во Лигата на шампионите ќе биде навистина жестока. Тиаго Мота ја остави екипата на петтото место со 52 поени.

Пред нив се Аталанта со 58, Болоња со 53, а во игра се уште Лацио (51), АС Рома (49), Фиорентина (48) и АЦ Милан (47).

Јуве, значи, има директни дуели со Рома, Болоња и Лацио. Тоа се три исклучително тешки гостувања и тука би можела да се решава сезоната на Старата дама.

Игор Тудор, во случај на пласман во Лигата на шампионите, веројатно ќе остане на клупата и следната сезона. Во моментов е под договор за четири месеци и ќе го води тимот и на клупското светско првенство.

Тиаго Мота, од друга страна, не успеа да докаже дека е врвен стручњак. Очигледно, Јувентус за него беше преголем залак.

Тој го водеше тимот на Торино во 42 натпревари со учинок од 18 победи, 16 нерешени и осум порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брукс: Немаше да биде праведно ако Македонија освоеше три бода

Еден од најдобрите фудбалери на велшката репрезентација, Дејвид Брукс, даде коментар по ме…