Милан забележа минимална победа од 1-0 против Верона, благодарение на погодокот на Хименез. По завршувањето на натпреварот, новинарите не добија изјава од тренерот Серџо Консеисао, бидејќи на прес-конференцијата наместо него се појави Златан Ибрахимовиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во текот на вчерашниот ден, фудбалскиот свет остана без една од највлијателните личности во португалскиот фудбал – почина легендарниот претседател на Порто, Жорже Нуно Пинто да Коста. Тој го напушти овој свет на 87-годишна возраст, оставајќи зад себе богато наследство во светот на фудбалот.
Да Коста беше на чело на Порто неверојатни 42 години, од 1982 до 2024 година, и во тој период клубот освои дури 68 трофеи, вклучувајќи и значајни европски и домашни титули.
Серџо Консеисао беше дел од таа славна историја, не само како тренер, туку и како играч.