Дома Фудбал И тоа е можно: Во Холандија ќе се игра натпревар без судии

И тоа е можно: Во Холандија ќе се игра натпревар без судии

Звучи малку бизарно, но дербито на градот Хелмонд ќе се одигра без никакви судии на фудбалскиот терен.

Хелмонд е град во јужниот дел на Холандија, кој, меѓу останатото, има два фудбалски клуба – СВ Брандеворд и СВ Де Брак.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Овие два клуба на 27 март во 20 часот ќе го одиграат градското дерби во рамките на пријателски меч, а домаќин ќе биде СВ Брандеворд.

Нема да има ништо чудно, ако клубовите не објавија една интересна информација за овој натпревар, а таа гласи – нема судија.

Да, добро прочитавте. На овој меч нема да има ниту главни, ниту помошни судии, а со тоа нема да има ниту картони.

Играчите на теренот ќе се договараат сами што е прекршок, а што не, и други работи кои инаку се работа на судијата.

На овој начин овие два клуба сакаат да обрнат внимание на значењето на спортското однесување и коректноста на теренот, бидејќи сметаат дека одамна фер-плејот исчезнал.

“Пријателството на теренот одамна исчезна, сакаме да обрнеме внимание на тоа”, рече Хари Елзендоорн – претседателот на СВ Брандеворд.

Поради оваа информација, се зголеми интересот на фудбалската јавност и утре се очекуваат полни трибини, нешто што инаку не е случај за овие клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид добива големо засилување за мечот против Севиља

Кога Едуардо Камавинга го напушти теренот повреден против Атлетик Билбао претходно овој ме…