Дома Фудбал Холанѓанец збесна и почна да го удира Перишиќ, а еве како му одговори Хрватот (Видео)

Холанѓанец збесна и почна да го удира Перишиќ, а еве како му одговори Хрватот (Видео)

Иван Перишиќ одигра 70 минути во убедливата победа на ПСВ во гости кај АЗ (1:5), но натпреварот го одбележа и инцидентот во кој учествуваше хрватскиот фудбалер.

Инцидентот се случи во 60. минута, кога АЗ доби слободен удар. Вутер Гоес се обиде што побрзо да ја продолжи играта бидејќи заостануваа со два гола против ПСВ, на семафорот стоеше 1:3, но Перишиќ не му ја предаде топката веднаш.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На тоа Гоес реагираше прилично бурно, целосно ги изгуби нервите и тргна да се пресметува со искусниот хрватски фудбалер. Прво му ја зема топката од рака, а потоа го удри со тупаница по прстите, што го налути Перишиќ, кој му одржа лекција за таквото однесување.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс „пукна“ петарда со Шкупи, младинците на „лавовите“ „изгореа“ во Тетово – два натпревари 15 гола! (Видео)

Во денешното коло од Првата македонска фудбалска лига беа одиграни два натпревари, на кои …