Дома Tennis Хит сцена: Сабаленка ги помеша Алкараз и Синер! (Видео)

Хит сцена: Сабаленка ги помеша Алкараз и Синер! (Видео)

Победниците на УС Опен, Арина Сабаленка и Карлос Алкараз, беа гости во емисијата “The Today Show”, каде гледачите и присутните во студиото се насмеаа на симпатичната ситуација кога Белорусинката го нарече Алкараз „Јаник“ по грешка.

Сабаленка и Алкараз со своите победи на завршните натпревари на првиот Гренд Слам турнир во сезоната покажаа зошто се број еден во светот на тенисот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Алкараз во финалето го совлада Јаник Синер и го освои првото место на АТП листата, додека Сабаленка го одбрани својот наслов против Аманда Анисимова.

Сепак, Сабаленка и Алкараз се добри пријатели и надвор од тениските терени, а во интервјуто кое го дадоа токму во емисијата “The Today Show”, зборуваа за договорот да снимат тикток видео. Додека објаснуваше некои детали на водителите, Сабаленка по грешка го наречe Алкараз со името на Синер, предизвикувајќи шеги од водителите и од самиот тенисер.

Шпанецот на симпатичен начин одговори на нејзината грешка:

“Девет часот е наутро, ќе ти простам. Сѐ е во ред”.

Во подоцнежниот дел од разговорот, Сабаленка истакна дека тоа била најнезгодната ситуација во која се нашла и побара од режијата снимката да ја симнат од емисијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Tennis

Проверете

Сабаленка направи бум со фотографија од Ѓоковиќ: Дабл дејт! (Фото)

Белорусинката Арина Сабаленка е моментално најдоминантната и најпопуларната тенисерка на с…