Дома Тенис Сабаленка направи бум со фотографија од Ѓоковиќ: Дабл дејт! (Фото)

Сабаленка направи бум со фотографија од Ѓоковиќ: Дабл дејт! (Фото)

Белорусинката Арина Сабаленка е моментално најдоминантната и најпопуларната тенисерка на светот, а со својата последна објава на Инстаграм успеа да предизвика вистинско внимание.

Сабаленка често се појавува во јавноста со Новак Ѓоковиќ, на кого многумина му придаваат епитетот најголемиот тенисер во историјата. Нивната блиска врска неодамна е причина за разговори и коментари на социјалните мрежи.

Сега Сабаленка сподели фотографија на Инстаграм на која се со нејзиниот дечко Георгиос Франгулис, додека Ѓоковиќ е со неговата сопруга Јелена.

Очигледно, оваа четворка имала пријатна вечер, затоа што само во рок од еден ден објавата собра над 300.000 лајкови.

„Совршен двоен состанок“, напиша Сабаленка во описот на фотографијата.

Објавата предизвика и бројни шеговити коментари од фанови од Балканот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Боржеш го исфрли Руд: Ѓоковиќ доби поинаков пат до полуфиналето во Базел

Нуно Боржеш со пресврт го елиминира Каспер Руд и се пласира во четвртфиналето, каде би мож…