Дома Фудбал Херојот на Барселона нападнат во тунелот од фудбалери на Бенфика

Херојот на Барселона нападнат во тунелот од фудбалери на Бенфика

Барселона оствари еден од најголемите пресврти во историјата на Лигата на шампионите, победувајќи ја Бенфика со 5:4 во спектакуларен натпревар од седмото коло.

И покрај раното заостанување и негативата од 1:3 по половина час игра и 2:4 во 68. минута, каталонскиот клуб успеа да го сврти резултатот во своја корист. Клучна фигура во победата беше Рафиња, кој постигна два извонредно важни гола — првиот за намалување на заостанувањето на 3:4 и вториот во петтата минута од судиското надополнување за конечни 5:4.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Овој неверојатен триумф предизвика бурна прослава меѓу играчите на Барселона, што не помина без контроверзии. Според шпанските медиуми, неколку играчи на Бенфика го нападнале Рафиња во тунелот на стадионот поради неговата страсна прослава. Ситуацијата ескалирала до тој степен што морала да интервенира полицијата за да спречи понатамошен конфликт. И самиот Рафиња го потврди инцидентот:

„Ме навредуваа, па им вратив. Да ме почитуваа, ќе ги почитував и јас нив. Наместо тоа ме навредуваа, но не им останав должен“, кажа Рафиња. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Маскираниот Салах на клупата на Ливерпул стана сензација: “Повеќе не може да ја гледа играта”

НАПАЃАЧОТ на Ливерпул, Мохамед Салах, повторно е предмет на дискусија на социјалните мрежи…