Дома Останати Head му удри „корпа“ на Томиќ после недоличните коментари на Вимблдон

Head му удри „корпа“ на Томиќ после недоличните коментари на Вимблдон

Компанијата Head која произведува тениски рекети ја раскина соработката со Бернард Томиќ, поради неговите недолични коментари по поразот во првото коло на Вимблдон.

Изминатите два дена многу поранешни тенисери го критикуваат Томиќ поради изјавата во која вели дека повеќе не ужива во тенисот и дека не му е важно дали ќе испадне во првото или во четвртото коло, дали ќе игра финале или ќе победи. Тој својата изјава ја дополни со зборовите дека до крајот на кариерата ќе заработи доволно пари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради ваквата изјава компанијата која е еден од неговите главни спонзори реши да ја раскине соработката.

„Разочарани сме од изјавата на Бернард Томиќ, кој е еден од играчите кои ги спонзорираме. Неговото мислење не го отсликува нашиот став кон тенисот, нашата страст, професионализам и почитувањето на самата игра. Поради тоа решивме да ја прекинеме соработката со Бернард Томиќ“, стои во соопштението на компанијата Head.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…