Германските медиуми денеска открија дека Хари Кејн има неверојатна клаузула во својот договор со екипата на Бајерн Минхен.
Имено, според таа клаузула напаѓачот од Англија може да се врати во својата татковина по многу пониска цена, а наводно веќе преговара со еден клуб.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Хари Кејн го направи сето она што се очекуваше од него кога пристигна во екипата на Бајерн Минхен од Тотенхем.
Искусниот напаѓач постигнува головиа, а моментално во 72 одиграни натпревари постигнал 70 голови. Освен тоа, има и 22 асистенции.
Како што тврдат новинарите на „Билд“ постои клаузула во договорот на Хари Кејн по која наскоро би можел да се врати во Англија.
Се разбира, навивачите на Тотенхем се надеваа дека овој одличен напаѓач ќе се врати во нивниот клуб, но како стојат работите, тоа нема да се случи.
Наводно, Арсенал е клубот што внимателно ги следи случувањата околу Хари Кејн, а според некои медиуми од Германија, преговорите за трансферот следното лето веќе започнале.
Јасно е дека на Арсенал му треба напаѓач, а навивачите се надеваа дека оваа зима Артета ќе донесе некого во нападот, но тоа не се случи.
Со тоа, јасно е дека следното лето Топџиите ќе донесат нов голгетер, а прашање е дали тоа ќе биде искусниот Кејн или некој друг фудбалер.