
Лос Анџелес Клиперс конечно стави крај на низата од три последователни порази, враќајќи се на победничкиот колосек со триумф над Детроит Пистонс со резултат 123-115 на домашен терен.
Клучната фигура на мечот беше искусниот Џејмс Харден, кој блесна со фантастични 50 поени, што претставува негов најдобар учинок од заминувањето од Хјустон Рокетс. Покрај импресивната реализација, Харден придодаде и пет асистенции, како и четири украдени топки, со што имаше значително влијание на двете страни од теренот.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
На другата страна, Детроит го предводеше младиот Кејд Канингем, кој исто така имаше извонредна партија. Тој постигна 37 поени, запиша 10 асистенции и собра 7 скока, но неговиот настап не беше доволен за Пистонс да избегнат пораз.