Дома Фудбал Хаосот продолжува: Лапорта со жесток одговор до Чави, го спореди со Флик и откри зошто не го врати Меси

Хаосот продолжува: Лапорта со жесток одговор до Чави, го спореди со Флик и откри зошто не го врати Меси

Во Барселона нема мир по интервјуто што го даде Чави Ернандес. Легендарниот капитен и тренер на Барселона јавно го критикуваше Лапорта пред неделните избори, а сега дојде и одговорот од првиот човек на клубот.

Лапорта истакна дека е повреден, но и свесен за фактот дека како претседател мора да донесува тешки одлуки, и дека поставувањето на Флик било правилно.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Изјавите на Чави ме погодија. Чави го искористи Фонт целосно. Кога ги прочитав неговите изјави, првото нешто што ми дојде на ум беше Флик и колку е тешко да се биде претседател на Барселона. Принуден сум да донесувам болни одлуки за доброто на клубот. Меѓутоа, фактите ги демантираат изјавите на Чави. Направив што морав да го заштитам клубот. Сметав дека ќе продолжиме да губиме ако Чави остане тренер и дека Флик би можел да не врати на победничкиот пат. Искрено, изјавите на Чави ме погодија, не го очекував тоа. Кога ги гледам тие зборови, веднаш мислам на Флик и разбирам зошто Чави е толку навреден. Со истите играчи тој губеше, а Ханси освојува трофеи“, возврати Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во Мадрид поради Килијан Мбапе!

Повредата на првата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, создава сериозни проблеми за „кр…