Дома Моторспорт Хамилтон по тешката сезона: Ќе го фрлам телефонот во проклетата канта

Хамилтон по тешката сезона: Ќе го фрлам телефонот во проклетата канта

По тешката прва сезона во Ферари, Луис Хамилтон (40) е подготвен да ја остави 2025 година зад себе и целосно да се исклучи од светот на Формула 1. Седумкратниот светски првак најави дека ќе го фрли телефонот “во проклетата канта” за да обезбеди целосен мир за време на зимската пауза.

Иако неговото преминување во Маранело на почетокот на годината предизвика еуфорија меѓу навивачите, Британецот се мачеше со прилагодувањето на новиот болид и тим. Сезоната му беше обележана со скромни резултати, со победа во спринт трката во Кина и четврти места на Големите награди на Емилија Ромања, Велика Британија, Австрија и САД како најдобри достигнувања.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Хамилтон не го крие ни своето незадоволство со тековната генерација на болиди. “Не постои ниедна работа што ќе ми недостига со овие болиди”, изјави за медиумите пред последната трка од сезоната во Абу Даби. “Едноставно е така. Не уживав во тоа”, додаде тој.

По завршеното осмо место на патеката Јас Марина, Хамилтон ја истакна својата желба за одмор. “Во моментот само се радувам на паузата. Само сакам да се исклучам, да не разговарам со никого. Никој нема да може да ме добие оваа зима. Нема да имам телефон со мене. Со нетрпение го чекам тоа. Целосно ќе се исклучам”, рече Хамилтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1-спектакл во Австралија, но возачите загрижени: Ова не е вистинско тркање, може да се случи хаварија (Видео)

Отворањето на новата сезона во шампионатот на Формула 1 на Големата награда на Австралија …