Дома Моторспорт Хамилтон ги воодушеви навивачите на Ферари, сè е подготвено за новата сезона

Хамилтон ги воодушеви навивачите на Ферари, сè е подготвено за новата сезона

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Британецот Луис Хамилтон го ажурираше својот профил со ознаката ‘newjob’ откако на први јануари 2025 година и официјално стана нов член на Ферари.

На 1 јануари, Хамилтон стана возач на Ферари, придружувајќи се на најстарата и најуспешна Ф1 екипа после 12 години во Мерцедес.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Ферари сè уште не објави кога Британецот првпат ќе се појави во црвениот комбензон, но Хамилтон постави фотографија од детството на која носи црвен шлем во картинг со бројот 44.

“Не можам да бидам повеќе возбуден за годината која е пред нас,” објави на социјалните мрежи.

“До сите кои размислуваат за својот следен чекор во 2025 година, прифатете ја промената. Без разлика дали менувате индустрија, учите нови вештини или само преземате нови предизвици, запомнете дека повторното изнаоѓање е моќно,” додаде.

“Вашата следна можност е секогаш на дофат. Еве за 2025 – година на прифаќање на нови можности и движење напред со цел. Да ја направиме незаборавна. Andiamo,” порача.

Хамилтон, кој на 7 јануари ќе наполни 40 години, ќе биде партнер со Шарл Леклер во Ферари откако го презема местото на Шпанецот Карлос Саинс.

Британецот во својата кариера освои седум титули светски првак, исто како и Германецот Михаел Шумахер.

По нив е Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо со пет титули, а потоа следат Французинот Ален Прост, Холанѓанецот Макс Верстапен и Германецот Себастијан Фетел со по четири круни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мик Шумахер одговори на шпекулациите дека се разделил со убавицата од Босна (Фото)

Мик Шумахер, синот на познатиот возач од Формула 1 Михаел, ги демантираше шпејулациите дек…