Дома Фудбал Англија Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затвор поради неплатена казна во износ од 60 швајцарски франци (околу 65 евра).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвешкиот напаѓач кој во редовите на Манчестер сити заработува околу пола милион евра казната би ја избегнал ако ги уплати споменатите 65 евр пред влегувањето во земјата.

Во Швајцарија живее неговиот татко Алф-Инге, па се очекува напаѓачот да се појави во семејството за Божиќ. Нема дилеми дека Халанд нема да дозволи проблеми и веројатно набрзо ќе го реши проблемот.

Халанд е под договор со Манчестер сити до 2027 година и наскоро се очекува истиот да го продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел се избори за голема промена кај ФИФА

Селекторот на репрезентацијата на Англија Томас Тухел успеа да издејствува промена на прот…