
Фудбалерите на Норвешка одржаа лекција на Италија на гостински терен на крајот од квалификациите за Светското првенство и со победата од 4:1 ја потврдија целосната доминација во оваа група, што заслужено ги одведе директно на Мундијалот.
Блескаше Ерлинг Халанд кој двапати го совлада Донарума, освојувајќи убедливо прво место на списокот на стрелци во европските квалификации за Мундијалот со 16 голови.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Сепак, не беше сè по волјата на Халанд на мечот против Италија. Го чуваше Џанлука Манчини, често влегуваше во конфликти со дефанзивецот на „азурите“, а по мечот ги шокираше сите и ги остави во недоумица кога во исповед откри што се случувало на теренот.
– Кога резултатот беше 1:1, почна да ме допира по задниот и помислив: „Што, по ѓаволите, работиш?“ Тогаш се прибрав и му реков: „Благодарам многу за мотивацијата, ајде сега“ – рече Халанд.