Дома Фудбал Халанд брутално искрен: Им се извини на навивачите

Халанд брутално искрен: Им се извини на навивачите

Боде Глимт вчера го совлада Манчестер Сити на свој терен со 3:1, што беше прва победа на Боде во оваа сезона на Лигата на шампионите.

По натпреварот, Ерлинг Халанд се извини на навивачите на Сити.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Мислам дека дадовме сè од себе, но нешто недостигаше. Преземам полна одговорност заедно со Родри, Рејндерс и другите искусни играчи од тимот”, истакна напаѓачот на Сити, додавајќи:

“Не сакам да обвинувам никого, но мораме да преземеме поголема одговорност затоа што на крајот не беше доволно добро. Ние сме Манчестер Сити. Не можеме да си дозволиме да се шетаме наоколу и да не победуваме. Не би требало да биде вака, но Бодо ја заслужи победата. Немам одговор зошто загубивме. Јас преземам полна одговорност затоа што не постигнав гол. Сè што можам да направам е да им се извинам на сите навивачи на клубот, особено на оние кои патуваа денеска за натпреварот. Ова беше срамота.”

По седум одиграни натпревари во Лигата на шампионите, Сити има биланс од четири победи, едно реми и два порази, и моментално е седми на табелата со 13 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палас го урна договорот со италијанскиот великан и му уништи трансфер од соништата

Жан Филип Матета е бесен на Кристал Палас откако му пропадна големиот трансфер во Јувентус…