Дома Фудбал Останато Хабиб исфрлен од авион на пат за Калифорнија: Направив сѐ за да останам смирен

Хабиб исфрлен од авион на пат за Калифорнија: Направив сѐ за да останам смирен

Хабиб Нурмагомедов, легендарниот УФЦ борец и член на Куќата на славни, наиде на неочекувани проблеми за време на лет со „Alaska Airlines“ во Лас Вегас.

Инцидентот се случи на аеродромот Хари Реид каде Хабиб го зазеде местото покрај излезот за вонредни случаи, но персоналот изрази сомнеж во неговата способност да ги исполни обврските на местото во случај на проблем.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Стјуардесата го замоли 36-годишниот Нурмагомедов да потврди дека може да ги исполни барањата за тоа седиште, по што му кажа дека „не може да му се дозволи да седи во тој ред и дека ќе повика супервизор“. Исто така, му порача дека може да најде друго место или ќе мора да биде исфрлен од авионот.

Нурмагомедов тврдеше дека ваквиот третман е неправеден и дека при пријавувањето за летот потврдил познавање на англискиот јазик што е еден од условите за седење во овој дел на авионот.

“Госпоѓата која дојде кај мене со прашање беше многу непристојна од почеток иако јасно зборував англиски и јасно можеше да ме разбере, но инсистираше да го сменам местото во авионот. Не сум сигурен дали е во прашање расна или национална основа. По две минути разговор, повика обезбедување и бев исфрлен од авионот. Час и пол подоцна влегов во друг авион и стигнав до мојата дестинација. Направив сѐ што можев за да останам смирен и полн со почитување, што се гледа на снимката, но членовите на екипажот би можеле наредниот пат да бидат пољубезни кон клиентите”, напиша Хабиб на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историски момент за македонската атлетика: Андријана Поп Арсова се пласираше на Светското првенство во Токио!

Македонската атлетика испишува нови страници во својата историја – Адријана Поп Арсова обе…