Дома Фудбал Гвардиола руши рекорди за ѕвездата од Леверкузен

Гвардиола руши рекорди за ѕвездата од Леверкузен

Англиските медиуми известуваат дека Флоријан Виртц од Баер Леверкузен е голема желба на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Виртц се истакнува како многу талентиран германски фудбалер што може да игра како среден фудбалер, но и на позицијата крилен напаѓач.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Минатото лето Виртц остана лојален на Леверкузен, но по завршувањето на сезоната, се очекува промена на клубот, а борбата за неговиот потпис веќе е започната.

Се претпоставува дека Манчестер Сити, кој наскоро би можел да остане без Де Брујне, ќе направи сѐ за да го доведе Виртц на „Етихад“, без оглед на финансиските трошоци.

Гвардиола смета дека Виртц би бил извонредно засилување за тимот и е подготвен да инвестира над 100 милиони евра за неговиот ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп порача дека не е заинтересиран, но Романо тврди: Toј е кандидат за Реал

Чаби Алонсо доби отказ како тренер на Реал. Неговото место го зазеде Алваро Арбелоа, поран…