
Пеп Гвардиола во интервју за ESPN зборуваше за неговата тренерска кариера и беше прашан што планира да прави по завршување на договорот со Манчестер Сити. На тоа Шпанецот не даде конечен одговор.
Каталонскиот тренер седна на клупата на “Граѓаните” во 2016 година, а во девет години на функцијата успеа да се закити со дури шест титули во Премиер лигата. Сепак, оваа сезона Манчестер Сити не игра на нивото кое се очекува, па се почесто се зборува за можното заминување на Гвардиола.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
И покрај гласините, тој го продолжи договорот до 2027 година, но сепак, според неговите зборови, изгледа дека постои одредена заситеност. Во интервјуто за ESPN најави и сигурна пауза, а дали ќе оди во пензија, сè уште не знае.
„По завршувањето на договорот со Сити ќе направам пауза. Сигурен сум во тоа. Не знам дали ќе се пензионирам, но ќе земам пауза“.
Каталонецот беше прашан и како сака да го паметат, но и на тоа не даде конкретен одговор.
„Не знам како сакам да ме паметат. Сите тренери сакаат да победуваат за да ни биде работата запамтена, но верувам дека навивачите на Барселона, Баерн и Сити имаа прилика да уживаат гледајќи ги моите екипи. Мислам дека не треба да живееме размислувајќи дали ќе бидеме запаметени“.