
Реал го помина Атлетико во мадридското дерби од осминафиналето на Лигата на шампионите по пеналите и така се пласира во четвртфинале против Арсенал. Првиот натпревар на Сантјаго Бернабеу заврши со победа на Реал 2:1. Во возвратниот натпревар, Атлетико на својот стадион победи 1:0 со гол на Конор Галагер во 1-та минута.
Тој резултат остана до крајот на продолженијата, па за победникот решаваа пеналите. Реал во пеналите победи 4:2, а серијата ја одбележи одлуката на судијата Шимон Марчиниак да по интервенција на ВАР да го поништи голот постигнат од Хулиан Алварез. Напаѓачот на Атлетико се послизна малку при изведувањето на пеналот.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Играчите на Реал се пожалија дека двапати ја допрел топката кога шутирал и полскиот судија поради тоа го поништи голот. Од тогаш во медиумите и на социјалните мрежи трае полемика дали Алварез нерегуларно го изведе пеналот.
Шпанските медиуми истакнуваат дека придонес кон дебатата дал Лука Модриќ и тоа така што капитенот на Реал потсети дека Атлетико веќе еднаш на Реал му дал гол од вака нерегуларно изведен пенал. “Вака како што сега на Атлетико не му беше признат голот од пеналот, еднаш веќе им успеаја да ни дадат гол. Тогаш, со нерегуларно изведен пенал против нас постигна Антоан Гризман и тоа им беше признато”, потсети Модриќ по синоќешниот натпревар на голот кој можете да го видите ТУКА.