Дома Фудбал Грилиш повеќе нема да тренира со првиот тим на Манчестер Сити

Грилиш повеќе нема да тренира со првиот тим на Манчестер Сити

Џек Грилиш се согласи да тренира одделно од своите соиграчи во Манчестер Сити и на тој начин повторно го отвора патот за заминување од клубот, соопштува весникот “Телеграф” во петокот.

29-годишниот англиски репрезентативец не беше вклучен во составот на “небесно-сините” за Светското клупско првенство во САД, а дури тогаш Жозеп Гвардиола даде до знаење дека очигледно нема да се потпира на играчот во иднина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во моментот, Грилиш работи индивидуално со личен тренер за да ја подобри својата форма, која значително опадна за време на минатата сезона, но наскоро ќе се врати на клубската база на “граѓаните” и ќе започне тренинзи со тренерите од клубот.

Главната група на Сити ќе се врати на тренинзите дури на 28 јули, откако учествуваше на Светското клупско првенство и излезе на летна пауза пред десетина дена. Џек Грилиш ќе тренира одделно на клубската база до добивање на поволна понуда од друг клуб. Крилниот играч постигна само 1 гол и направи 1 асистенција во 20 натпревари во Премиер лигата минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на една ера, замина и Гундоган

Летото 2025 година е лето на заминување на легендите од „Етихад“. По Кевин де Брујне, Џек …