Дома Фудбал Готово :Роналдо е пред заминување, објави и медиумот во кој тој е сопственик!

Готово :Роналдо е пред заминување, објави и медиумот во кој тој е сопственик!

Кристиано Роналдо најавува заминување од Саудиска Арабија, како што објави португалскиот весник Рекорд. Важноста на оваа вест се заснова на фактот што сопственикот на Рекорд е самиот Роналдо.

Вчера, Роналдо го прескокна натпреварот на Ал-Наср против Ал Ријад на гостувањето, каде неговиот тим победи со 1:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што информираше португалскиот весник А Бола, незадоволството на Кристиано е насочено кон начинот на кој се раководи клубот, а најмногу кон ПИФ (Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија), кој го управува Al-Nassr.

И оваа вест доби поткрепа навестувајќи ја како вистинита при вчерашните случувања.

Според информации од Рекорд, Роналдо има клаузула во договорот што му овозможува да замине од Ал Наср во јуни 2026 година, а оваа опција се смета за многу веројатна.

Рекорд исто така информираше дека за Роналдо има интерес од тимови во САД, но и од клубови во Европа.

Особено интересно е фактот дека Роналдо е мнозински сопственик на значајната португалска медиумска група Cofina Media, којашто го поседува и спортскиот весник Рекорд

Во превод, ако некој има внатрешни информации за плановите на Роналдо, тоа е Рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк ќе биде минато, Ливерпул за 100.000.000 добива две засилувања

Францускиот стопер Жереми Жаке вчера беше официјално потврден како новиот стопер на Ливерп…