Дома Фудбал Готово: Во Милан донеле конечна одлука за Консеисао!

Готово: Во Милан донеле конечна одлука за Консеисао!

Сержо Консеисао ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, а потоа италијанскиот гигант ќе се обиде да донесе долгорочно решение, пренесува добро информираниот инсајдер Фабрицио Романо.

Португалскиот стручњак на 30 декември ја презеде „жешката“ клупа на Милан заменувајќи го својот сонародник Пауло Фонсека и по само два натпревара го донесе трофејот на Суперкупот на Италија на „росонерите“ во Саудиска Арабија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тогаш изгледаше дека Консеисао и Милан се идеален спој, дека ќе ја раздрма екипата, но во Серија А овој тим продолжи да ниже многу лоши резултати. 

Потоа следеше и шокантна елиминација од Феенорд во осминафиналето на Лигата на шампионите, во домашниот шампионат ништо не се промени, а по синоќешниот пораз на домашен терен од Аталанта (0:1), Милан сега е деветти на табелата со 51 бод пет кола пред крајот.

Консеисао во среда вечер има шанса да го внесе тимот во финалето на Купот на Италија, бидејќи Милан ќе „гостува“ на Интер по 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето. Значи, дури и ако го исфрли Интер и подоцна му донесе втор трофеј во сезоната, неговиот статус нема да се промени.

Се знае што се приоритетите на седумкратниот европски шампион и неуспесите во Серија А и Лигата на шампионите не се простуваат.

Сè уште нема назнаки кој би можел да биде новиот тренер на Милан, јасно е дека ќе се „нишани“ некој со големо име, Карло Анчелоти можеби од лето ќе биде без работа, останува да видиме…

Фото: AC Milan
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вториот најплатен играч на Реал повторно повреден. Пропуштил 118 натпревари за 4 години

ДАВИД АЛАБА (32) пред четири години пристигна во Реал од Баерн со статус на еден од најдоб…