Дома Фудбал Готово: Позната иднината на Давид Де Геа!

Готово: Позната иднината на Давид Де Геа!

Давид Де Геа, еден од најистакнатите голмани на својата генерација, направи ново чекор во својата кариера, а сега е познато и каде ќе ја продолжи. Кариерата ја започна во младинската школа на мадридски Атлетико, а за првиот тим дебитираше во 2009 година.

Две години подоцна, 2011 година, како 21-годишник премина во редовите на славниот англиски клуб Манчестер Јунајтед, каде остана дури 12 сезони. Во тој период се сметаше за еден од најдобрите голмани во светот и со Јунајтед освои речиси сите можни трофеи – освен оној во Лигата на шампионите.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Неговиот договор со Јунајтед истече во летото 2023 година, со што заврши долга и успешна епизода во дресот на Црвените ѓаволи. Откако скоро целата следна сезона беше без ангажман, на 9 август 2024 година потпиша договор со италијанската Фиорентина. Во актуелната сезона веќе има 27 настапи за клубот од Фиренца и прикажува одлични партии, што не остана незабележано.

Британските медиуми веќе започнаа да шпекулираат за неговото можеби враќање во Манчестер Јунајтед, но изгледа дека од тоа нема да има ништо. Како што јавува угледниот спортски новинар Фабрицио Романо, Фиорентина планира да ја искористи опцијата од неговиот договор и да ја продолжи соработката за дополнителна година.

Шпанскиот голман ќе остане член на Фиорентина до летото 2026 година, со што приказните за неговото враќање на Олд Трафорд ќе бидат дефинитивно спречени.

Фото: ACF Fiorentina3
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се запали хотелот на Роналдо во Мароко (видео)

Според светските медиуми, хотелот „Пестана CR7“ на Кристијано Роналдо во Мароко се запали …