Дома Фудбал Готово: Јувентус го реши тренерското прашање за идната сезона.

Готово: Јувентус го реши тренерското прашање за идната сезона.

Игор Тудор ќе ја води екипата на Јувентус и следната сезона. “Одлучивме да ја продолжиме соработката со Игор за Светското клубско првенство, но и за следната сезона, а се надевам и многу подолго,” изјави новиот генерален менаџер на Јувентус, Дамиен Комоли, на својата прва прес конференција.

Овој хрватски стручњак го презеде кормилото на тимот од Торино кон крајот на март и потпиша договор до крајот на сезоната, со услов дека ќе биде автоматски продолжен за една година ако избори пласман во Лигата на шампионите. Тудор успеа да го внесе Јувентус во најелитниот европски клупски турнир, но клубот сепак имаше можност да го раскине договорот со плаќање на надомест од милион евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Според италијанските медиуми, во одреден период се очекуваше ова да се случи и Антонио Конте да го преземе Јувентус, но Конте остана во Наполи. Во следните денови се шпекулираше за бројни имиња како можни наследници на Тудор, но сега е потврдено дека хрватот останува во клубот.

Во девет натпревари со Јувентус, Тудор оствари пет победи, три нерешени средби и еден пораз. Наредниот предизвик му е Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во јуни и јули. Јувентус е дел од група со Манчестер Сити, Ал Аин и Видат Казабланка.

Фото: Juventus FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Српски тим пред сензационален трансфер. Доведува играч од Кристал Палас

ФК Раднички 1923 од Крагујевац се подготвува за значително засилување за претстојната сезо…