Дома Фудбал Готово е! Најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата е завршен!

Готово е! Најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата е завршен!

Александер Исак (25), напаѓачот на Њукасл и шведски репрезентативец, чија вредност на трансферниот пазар е проценета на 120 милиони евра, преминува во Ливерпул за 150 милиони евра, што претставува највисока отштета во историјата на Премиер лигата.

Оваа вест на 1 часот по полноќ на последниот ден од преодниот рок ја објави Фабрицио Романо со својот карактеристичен знак на доверба во фудбалскиот трансфер свет, со изразот “Here we go!”

Ливерпул по втор пат ова лето го сруши англискиот рекорд

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Трансферот е договорен за отштета од 130 милиони фунти, што претставува рекорден износ за Премиер лигата. Исак, кој од почетокот сакаше само во Ливерпул, денес ќе ги помине лекарските прегледи како нов играч на Ливерпул откако пред неколку месеци ги договори деталите од долгорочниот договор со ‘Црвените’,“ напиша Романо.

Кога се преработи во евра, отштетата за Исак изнесува 150 милиони евра, со што станува најскапиот играч во историјата на Премиер лигата. Со купувањето на Исак, Ливерпул по втор пат ова лето го сруши рекордот на најскапиот трансфер во историјата на Англија, бидејќи претходно од Баер го доведоа Флориан Вирц за 125 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак e новиот голгетер во Ливерпул! Но, до полноќ пристигнува и уште еден фудбалер!

Александер Исак конечно го засилува нападот на Ливерпул! Според информациите, Ливерпул пон…