
Некогашниот македонски фудбалски репрезентативец Горан Попов беше дел од ревијален меч кој го организираше неговиот поранешен клуб Херенвен.
Попов настапи во специјален дрес со број три, носејќи го името на Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот во пожарот во Кочани.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
На предната страна на неговиот дрес беше испишан натписот „Кочани 16.03.2025“, во знак на почит кон настраданите во трагедијата.
Попов беше дел од Херенвен од 2008 до 2010 година, а најголемиот успех на клубот во тој период беше освојувањето на Купот на Холандија.