Дома Останати Тенис „Ѓоковиќ е под притисок од Владата на Република Србија“

„Ѓоковиќ е под притисок од Владата на Република Србија“

Новак Ѓоковиќ се враќа на тениските терени на турнирот во Шангај, но медиумите во странство многу повеќе го интересира статусот на најдобриот тенисер во историјата во неговата татковина.

Последниот што се занимава со оваа тема е британскиот Мирор, кој темелно ја изнесува генезата на проблемите со кои се соочува најсаканиот син на Србија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сè започна кога на социјалната мрежа ја поддржа барањата на студентите до Владата на Република Србија по повод загинувањето на 16 луѓе во падот на покривот во Нови Сад, кога напиша „како некој кој длабоко верува во моќта на младите луѓе и нивната желба за подобра иднина, важно е нивниот глас да се слушне. Србија има огромен потенцијал, а образовани младите луѓе се најголемата сила. Сè што бараме е разбирање и почитување. Со вас“., стои во текстот на Мирор.

„Тогаш започна нападот од режимските медиуми, кои го опишуваа како „срам“ и „лажен патриот“. Сè се промени за Ѓоковиќ од тој момент“, пишува Мирор.

Британскиот медиум пишува дека Ѓоковиќ планирал по завршувањето на кариерата да живее во Белград, каде што купил голем стан, како и големо имање во Врдник, кое е на еден час од главниот град на Србија.

Меѓутоа, започна голем притисок врз најдобриот во историјата. Турнирот во организација на неговото семејство е практично испратен во Атина, а тоа доведе до привремена промена на плановите на Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го победи Чилиќ, но ги загуби нервите – беснееше на својот тренер!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно го победи хрватскиот ривал Марин Чилиќ со 7:6, 6:4 …