Дома Останати Тенис Го победил туморот и паузираше повеќе од една година: Кој е Рајли Опелка, човекот кој го шокираше Ѓоковиќ?

Го победил туморот и паузираше повеќе од една година: Кој е Рајли Опелка, човекот кој го шокираше Ѓоковиќ?

Американецот Рајли Опелка приреди првокласно изненадување откако во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн го совлада српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови.

Рајли Опелка има 27 години и иако се чини дека кариерата штотуку му почнува, животот не го разгалил воопшто.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Роден е на 28. август 1997. во Сент Џозеф, Мичиген, а се преселил во Палм Коуст, Флорида, на четири години. Почнал да тренира тенис на 12 години, што е прилично доцна.

Висок е 211 сантиметри и е еден од највисоките играчи на турнирот. Најдобар ранг му било 17. место, кое го достигна на 28. февруари 2022.

Освоил четири АТП титули во сингл и една во двојки.

Интересно, сите најголеми успеси во овој спорт ги постигнал на тлото на Северна Америка. Бил и јуниорски шампион на Вимблдон во 2015. година.

Опелка е близок пријател со уште еден американски тенисер Тејлор Фриц, кому му беше кум на венчавката. Опелка е страстен навивач на чикашките спортски тимови, односно Чикаго Булс (НБА), Чикаго Берс (НФЛ) и Чикаго Блекхокс (НХЛ), како и тимот од серија А Лацио.

Американецот дебитирал на АТП турнирите во 2016. година, а на првиот турнир во животот загубил во првото коло од сонародникот Сем Квери. Во август, Опелка победил во своите први три АТП меча во кариерата на Отвореното првенство на Атланта и стигнал до полуфиналето на третиот АТП турнир во кариерата. Ова вклучува победа над тогаш 27. играч на планетата Кевин Андерсон во дуел во кој спасил две меч топки на сервисот на Андерсон. Изгубил во полуфиналето од првиот носител Џон Изнер.

Продолжил со успеси победувајќи во првото коло на Лос Кабос Опен и Мастерсот во Синсинати каде што победил Сергеј Стаховски и Жереми Шарди, а наградата за сите тие успеси му бил пласманот меѓу првите 300 на АТП ранг-листата. По маките со повреда на стапалото кон крајот на летото, Опелка се вратил за сезоната во сала и освоил својата прва титула на челинџерот во Шарлотсвил за да ја заврши годината меѓу првите 200 тенисери во светот.

Во 2017. Опелка немал многу успех, но следната се покажала како пресудна за американскиот големан. Освоил три АТП челинџер титули во сезоната. Стигнал до четвртфиналето на Делреј Бич Опен, остварувајќи ја својата прва победа над Топ 10 тенисер во кариерата – во второто коло бил подобар од светскиот број 8. – Џек Сок.

Неговиот солиден учинок на турнирот му донел прв пласман меѓу Топ 100 на крајот на годината во сингл, со што ја завршил сезоната на 99. место во светот.

Следната година, на Австралија опен, Опелка во првото коло го изненадил сонародникот и деветиот носител Џон Изнер. Ова била неговата втора победа над Топ 10 тенисер во неговата кариера. Во февруари, Опелка повторно го победил Изнер, спасувајќи шест меч топки, на патот до својата прва АТП титула во Њујорк. На Вимблдон во јули, постигнал својот најдобар грен слем резултат до тогаш, стигнувајќи до третото коло на турнирот и победувајќи го при тоа Стан Вавринка. Во текот на летото и есента стигнал до полуфиналето на турнирите во Атланта, Токио и Базел. Сезоната ја завршил на 36. место во светот.

Во февруари 2020. година, Опелка го подигнал својот втор трофеј во кариерата на Делреј Бич Опен откако спасил меч топка во полуфиналето против Милош Раониќ. По подолга пауза поради пандемијата КОВИД-19, Опелка стигнал и до првото четвртфинале на турнирите од серијата Мастерс.

Тоа било во Синсинати, каде што го забележал своето петто победување на Топ 10 играч во кариерата. Бил подобар од Матео Беретини.

Во 2021. година на мастерсот во Рим, Опелка ги победил Ришар Гаске, Лоренцо Мусети, Аслан Карацев и Федерико Делбонис и стигнал до своето прво полуфинале на Мастерс, каде што изгубил од Рафаел Надал.

Опелка потоа ги победил и специјалистите за земја Андреа Мартин и Хауме Муњар и се пласирал во третото коло на Ролан Гарос, што е неговиот најдобар резултат на овој грен слем турнир. Потоа изгубил од Данило Медведев.

Како пар со Јаник Синер, освоил ја својата прва титула во двојки на турнирот во Атланта победувајќи ги во финалето Стив Џонсон и Џордан Томпсон.

Како резултат на тоа, влегол меѓу 100-те најдобри во двојки, позиционирайќи се на 89. место.

На Мастерсот во Торонто стигнал до финалето, губејќи во него од првиот носител и 2. тенисер во светот Данило Медведев.

На тој пат го победил и Стефанос Циципас во полуфиналето, што било првпат во кариерата да победува Топ 5 тенисер во светот.

На овој начин првпат влегол меѓу првите 25 на АТП рангирањето во сингл, заземајќи на 23. место.

Во 2022. година Опелка блескал на Далас Опен, каде што ја освоил својата трета титула во сингл по победата над Џенсон Бруксби. Во полуфиналето го победил Американецот Џон Изнер со 7–6(9–7), 7–6(24–22). Тајбрејкот од 46 поени во вториот сет е најдолг досега на АТП турнирот. На Делреј Бич Опен 2022, Опелка стигнал до второто финале за само две недели, губејќи од Камерон Нори. Како резултат на тоа, достигнал нов најдобар ранг во кариерата. Бил 18. тенисер во светот, а недела подоцна и 17. играч на планетата.

Кон крајот на октомври 2023., Опелка се врати на АТП Турот по речиси година и пол пауза. Поради проблеми со колкот во 2022. година, Опелка мораше итно во болница. Бенигната маса која се развила на неговиот колк се покажала како тумор, што бараше итна операција.

Среќа туморот бил бениген, а тој успеал да го реши тој животен проблем.

По година и пол пауза, зеде ракет повторно в раце и на еден челинџер во САД го победи земјакот Тенис Сандгрен во првото коло. Сепак, се повлече во второто коло на турнирот.

По уште осум месеци пауза поради повреда на тетива на десната рака за што имал две операции, се врати на тенисот во средината на минатата година, а во моментов е на 293. место на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Ѓоковиќ нема шанси да биде подготвен за Австралијан опен, нема да ја освои титулата“

Новак Ѓоковиќ беше неочекувано елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн од Аме…