Дома Фудбал Го донесоа од Белорусија за 100 илјади, а сега го продадоа на Сити за 40 милиони!

Го донесоа од Белорусија за 100 илјади, а сега го продадоа на Сити за 40 милиони!

Според фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, Манчестер Сити постигнал договор со Ленс да го доведе дефанзивецот Абдукодир Кусанов во своите редови.

Кусанов му се придружува на Сити за 40 милиони евра, а 20-годишниот Узбекистанец треба да му се приклучи на англискиот шампион со четири и пол годишен договор, со опција за продолжување на 12 месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересно, Кусанов во Ленс дојде во јули 2023 година за 100 илјади евра, а сега францускиот клуб ќе профитира многу со оглед на тоа што заминува во Манчестер Сити за 40 милиони.

Откако дојде во Ленс, Кусанов постигна само еден гол, против ПСЖ во Купот на Франција во декември минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез на Божиќ зборуваше за „најголемиот скандал во историјата на фудбалот“ – доби жесток одговор од Лапорта

Ривалството меѓу Реал Мадрид и Барселона влезе во нова фаза пред Божиќ, а не станува збор …