Дома Фудбал Гигс прв му даде шанса во првиот тим – Велшанецот брутално искрен за Рашфорд!

Гигс прв му даде шанса во првиот тим – Велшанецот брутално искрен за Рашфорд!

Поранешниот фудбалер и подоцна менаџер на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс истакна дека трајното заминување на Маркус Рашфорд од “Олд Трафорд” во овој момент е најдобро решение за двете страни, иако англискиот голгетер влезе во првиот тим на “црвените ѓаволи” кога Велшанецот беше во клубот.

Редок беше фудбалерот во постфергусоновата ера кој беше претставен како проект на клубот на начинот на кој тоа средината на минатата деценија беше Рашфорд.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Сегашниот голгетер на Астон Вила доби шанса во првиот тим кон крајот на 2015 година, под водство на менаџерот Луј ван Гал во периодот кога токму Гигс беше помошник на трофејниот холандски стручњак.

И покрај тоа што го врзуваат убави спомени за Рашфорд, Гигс објави дека Англичанецот нема иднина во Јунајтед.

“Не мислам дека изгледа среќно во Јунајтед, туку ми се чини дека е позадоволен во Астон Вила. За Маркус и Јунајтед, најдобро би било да ја прекинат соработката. Ќе биде тој извонреден играч, но не во Јунајтед”, сурово искрено рече Гигс, гостувајќи во подкастот кај поранешниот соиграч Рио Фердинанд.

Бидејќи поделеноста меѓу Рашфорд и менаџерот Рубен Аморим има сериозни размери, Гигс му даде поддршка на Португалецот.

“Ми се допаѓа Аморим како менаџер. Харизматичен е, потребно му е време и неколку преодни рокови, како и поддршка за да издржи до крајот. Од друга страна, важно е да има јасна визија за тоа што претставува фудбалерот на Јунајтед и кого тој треба да претставува”, рече Гигс.

Да потсетиме, Јунајтед минатата недела се пласира во полуфиналето на Лига Европа, со што донекаде го поправи впечатокот во сезоната во која има слаби резултати на домашната сцена.

Фото: Manchester United/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ќе му оддаде чест на папата Фрањо

УЕФА најави дека ќе се одржи минута молчење во чест на папата Франциск пред сите полуфинал…