Дома Фудбал Гаардиола сакаше засилување од Јувентус – доби „корпа“!

Гаардиола сакаше засилување од Јувентус – доби „корпа“!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола планира во летниот период да направи голема реконструкција на тимот.

Сегашниот состав го достигна својот врв, освојувајќи четири последователни Премиер лиги и Лигата на шампионите во 2023 година, но оваа сезона потфрли на речиси сите полиња и сега се обидува да обезбеди место во Лигата на шампионите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во Манчестер Сити се планирани засилувања скоро на сите позиции, а едно од тие е и на голманската позиција. Извесно е заминувањето на долгогодишниот прв голман Едерсон, а наместо него, Гвардиола сака да го донесе Микел Ди Грегорио од Јувентус.

Меѓутоа, италијанскиот голман наводно изјавил дека не планира да замине од Торино.

Овој 27-годишен голман ги помина сите младински категории на Интер, а во сениорските кругови се истакнал со одличните настапи во Монца.

Неговите настапи во Монца го привлекоа Јувентус, кој го откупи неговиот договор пред две години за 20 милиони евра.

Сити наводно бил спремен да понуди до 40 милиони за него, но Ди Грегорио не сака да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопругат на Рафиња бесна удри по ФИФА: Дали е тој кошаркар?!

Во Доха вчера се одржа церемонија за доделување на наградите на ФИФА за најдобрите во 2025…